За повеќето, Јапонија е симбол за напредна технологија и дигитализација.
Сепак, има информации дека ниту Јапонците не се откажуваат од старата технологија, особено кога се во прашање законите во земјата, кои се уште не се прилагодени на новото време.
За да го спречи тоа, јапонскиот министер за дигитализација Таро Коно неодамна им објави војна на флопи дисковите, кои претходно беа неопходни за складирање и пренос на податоци. Тоа е затоа што во моментов има над 1.900 процедури поврзани со владата во Јапонија кои бараат од деловната заедница да користи постари уреди за пренос на податоци за поднесување на различни обрасци или тендерски апликации.
Меѓу тие медиуми, има флопи дискови, ЦД-а, оптички и магнетни дискови, како и магнетни ленти, а тие сите се застарени системи што се користат во cloud ерата и системите за онлајн складирање. Токму поради оваа причина, Министерството за дигитализација иницираше процес на промена на законот со цел да се прилагодат новите правила на „новата дигитална ера“.
За да успеат во тоа, властите во Јапонија ќе треба да сменат 154 закони со 1.900 прописи поврзани со употреба на флопи дискови и слични технологии. Сите тие прописи ќе треба да се дополнат со амандмани кои ќе овозможат пренос на онлајн податоци за потребите на институциите во Јапонија.
Освен со флопи дискови, црно им се пишува и на факс машини, но и на печатите кои се користат за автентичност на официјалните документи.