Американската вселенска фирма Roket Lab објави дека овој месец ќе ја лансира првата комерцијална ракета, долга 17 метри, со лансирен погон на северниот новозеландски полуостров.
Погонот на полуостровот Махиа во Нов Зеланд е првиот приватен објект за лансирање. Ракетата ќе биде лансирана на 20 април или некој ден подоцна во следните две недели, се наведува во соопштението на компанијата.
Roket Lab е единствената мала вселенска компанија која ќе ја достигне орбитата и ќе го исполни ветувањето за отворање пристап за мали сателити”, рече основачот и извршен директор Питер Бек. “Ќе можеме да поставуваме сателити во орбита секои 72 часа, а тоа е од суштинско значење за пазарот на мали сателити”, додаде тој.
На лансирањето му претходеше тест-лет кој се случи во јануари, кога три мали комерцијални сателити беа поставен и во Земјината орбита. Ракетата на Roket Lab може да лансира сателити со тежина до 150 килограми наменети за комуникација и фотографирање.