Откако неодамна беше подложен на тест за издржливост, дојде време Nothing Phone (1) да се расклопи и да се погледне внатре.
Расклопувањето на уред е секогаш интересен процес, бидејќи ни дава увид во сите оние мали и на прв поглед незабележливи детали кои го прават уредот функционален.
Има различни сензори, заштитни елементи и сè до стандардните делови како што се плоча, меморија, складиште, батерија или екран.
Зак, од популарниот канал JerryRigEverything, ни овозможи да ги погледнеме деловите од Nothing Phone (1) кои не се видливи однадвор (иако телефонот има проѕирен заден дел).
Исто така, можеме да видиме како е склопен Nothing Phone (1), а јутјуберот исто така се обврза да брои колку LED светла ја сочинуваат лентата под проѕирното стакло на задната страна.