Во екот на актуелната ситуација во Азија, позицијата во која би можел да се најде еден од најголемите производители на чипови во светот може да ја искомплицира ситуацијата на ИТ пазарот.
TSMC е највредната компанија во Азија и една од највредните компании во светот. Еден од најголемите производители на чипови е со седиште во Тајван, а моменталната геополитичка нестабилност во овој регион би можела значително да влијае на иднината на пазарот на чипови и на целата ИТ индустрија.
Taiwan, tech, and the threat of Chinese attack: Part 1 of my conversation with TSMC Chairman Mark Liu, from today's GPS pic.twitter.com/xTGR1ovEoC
— Fareed Zakaria (@FareedZakaria) July 31, 2022
Во ретко интервју, извршниот директор на TSMC, Марк Лиу, изјави за CNN дека „никој нема да го контролира TSMC со сила“.
„Бидејќи ова се исклучително софистицирани производствени капацитети, тие зависат од поврзувањето со остатокот од светот во реално време. Од материјали, до хемиски соединенија, резервни делови, па сè до инженерски софтвер и дијагностика“, истакна Лиу.
Лиу сугерираше дека со толку многу различни инпути и напори потребни за управување со фабриките TSMC, тие многу брзо ќе згаснат доколку партнерите ширум светот (како оние во Азија, Европа и САД) престанат да ја нудат својата поддршка.
How has Taiwan achieved tech stardom and economic growth in the shadow of tensions with mainland China?
What would a war mean for that "miracle"?
Part 2 of my conversation with TSMC Chairman Mark Liu: pic.twitter.com/HgwZLSwBzt
— Fareed Zakaria (@FareedZakaria) July 31, 2022
TSMC ги засили напорите за изградба на фабрики надвор од Тајван во последниве години, но компанијата има намера да ги задржи своите капацитети со водечки технологии на островот.
Производителот на чипови неодамна ги објави своите планови за производство на чипови во три нанометри.