Вооружена жена упадна денеска во седиштето на компанијата YouTube во градот Сан Бруно во Калифорнија при што ранила најмалку четири луѓе, соопшти полицијата.
Жената која го извршила нападот е пронајдена мртва и најверојатно сама се застрелала. Нападот се случи попладне по локално време и според првичните информации, жената која пукала носела шамија на главата.
– Настрадала најверојатно од раните што сама си ги нанела со огнено оружје, соопшти полицијата.
Локални медиуми јавија дека најмалку еден од повредените е во критична состојба.
Компaнијата Google кои се сопственици на YouTube објавија дека го истражуваат инцидентот. Во седиштето на YouTube работат околу 1.700 луѓе.