Samsung ги поместува границите на прилагодливоста на паметните телефони со четвртата генерација на модели на преклоп кои овозможуваат унапредена продуктивност, можност за прилагодување кон личните тенденции и искуство на FlexCam камерата.
Компанијата Samsung Electronics ја претстави најновата генерација на револуционерните паметните телефони на преклоп: Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4. Двата уреди се одликуваат со прилагодлив хардверски дизајн, карактеристики прилагодени на личните потреби и унапредени перформанси. Четвртата генерација на серијата Galaxy Z продолжува да ги руши конвенциите и нуди нови, моќни интеракции кои го унапредуваат секојдневниот живот.
„Samsung Galaxy телефоните на преклоп се развиени на темелите на нашата филозофија на отвореност и пружаат нови можности на комплетно прилагодување одвнатре и однадвор. Настанати во соработка со нашите светски познати партнери, овие нови уреди на преклоп нудат неприкосновено мобилно искуство кое ги задоволува потребите на најдинамичните корисници“, изјави Д-р ТМ Рох, претседател и раководител на одделението за мобилно искуство (MX) во компанијата Samsung Electronics. „Благодарение на нашите непрекинати напори и лидерство, популарноста на уредите на преклоп продолжува да расте. Оваа категорија со успех ја трансформиравме од пионерски проект во линија на уреди за широка употреба меѓу милионски корисници ширум светот.“
Како доказ за посветеноста на Samsung на супериорна изработка, секоја дизајнерска компонента на двата модели е темелно анализирана за да се обезбеди вистинско приспособливо искуство, така што секој корисник има уред кој одговара на неговите потреби. Galaxy Z Flip4 се надоврзува на успехот на легендарниот хардверски дизајн на Samsung со додавање на клучни карактеристики како што се подобрено искуство со камерата, поголема батерија[1] и зголемени опции за прилагодување, заедно со познатиот ултра компактен дизајн. Galaxy Z Fold4 создава нови можности за корисникот обезбедувајќи сеопфатно искуство со паметен телефон благодарение на неговиот дизајн што ја менува формата, извонредните дисплеи и функциите за мултитаскинг слични на компјутер, покрај напредната технологија за камера и моќните мобилни процесори.
Galaxy Z Flip4, совршен уред за лично изразување
Galaxy Z Flip4 ги унапредува омилените функции меѓу Samsung корисниците, што го прави совршен уред за лично изразување. Неговиот компактен дизајн во облик на школка нуди единстевно искуство кое не е достапно кај ниеден друг паметен телефон.
Правете видео снимки без користење на рацете или групни селфија под различни агли така што делумно ќе го преклопите Z Flip4 за да ја активирате FlexCam камерата[2]. Овие функции достапни дури и кај омилените апликации[3]. Благодарение на партнерството на Samsung со компанијата Meta, FlexCam е оптимизирана за најпопуларните друштвени мрежи, вклучувајќи ги Instagram, WhatsApp и Facebook. Со Galaxy Z Flip4 сега можете да правите квалитетни селфија директно од надворешниот екран со користење на главната камера со унапредена Quick Shot функција. Почнете снимање видео со функцијата Quick Shot, а потоа прејдете на Flex функцијата како би продолжиле да снимате без користење на рацете, при што видеото не се прекинува – што е идеално за автори на содржина и влогери. Корисниците сега можат да прават селфија во портрет формат и да ги прегледаат фоFтографиите во реална домензија кога користат Quick Shot. Со унапредената камера која е опремена со 65% појак сензор [4]кој функционира на работната платформа Snapdragon 8+ Gen 1, фотографиите и видео снимките се поостри и постабилни – и дење и ноќе.
Z Flip4 е направен така што навистина се користи без употреба на раце – да се направат повеќе работи без отклопување на телефонот. Јавувајте се, одговорајте на пораки, отклучете го вашиот автомобил [5]па дури и контролирајте го SmartThings Scene [6]виџетот, се од надворешниот екран.
Galaxy Z Flip4 може да снима, емитува и поврзува подолго време измеѓу две полнења со напредената 3,700mAh батерија[7]. Со супербрзото полнење кое сега е достапно кај моделот Z Flip4, се полни дури 50% за околу 30 минути[8], со цел корисниците да останат поврзани и кога батеријата е при крај.
Со потенка шарка, исправени рабови, контрастно матирано стакло на задната страна и сјајни метални рамки, ова е најпрефинетиот дизајн на Samsung досега. Корисниците можат целосно да го приспособат Z Flip4 со Galaxy Themes и на надворешниот и на почетниот екран за да го надополнат нивниот стил со прилагодени фонтови, икони и дизајни. Дополнително, корисниците можат да креираат свој надворешен дисплеј благодарение на новите дизајни на часовници и позадини во различни формати како што се слики, GIF, па дури и видео.[9]
Galaxy Z Fold4, уред за објавување повеќе работи истовремено со совршени перформанси
Galaxy Fold4 е резултат на постојани иновации во областа на паметните телефони Samsung Galaxy и нашиот најмоќен паметен телефон досега. Тој ја комбинира Samsung експертизата во мобилната технологија и претставува уред со зголемена функционалност, без разлика дали е отворен, затворен или во Flex режим[10]. Исто така, ова е првиот уред со Android 12L, специјална верзија на Android која Google ја има креирано за големи екрани, вклучувајќи и уредите на преклоп.
Мултитаскингот со Z Fold4 е полесен од било кога, така што корисниците можат да работат повеќе дури и кога се во движење. Новиот таскбар [11]прикажува распоред сличен на оној на компјутерите и нуди пристап до вашите омилени и неодамна користени апликации. Мултитаскингот исто така е попрегледен благодарејќи на новите гестови за лизгање[12]. Можете веднаш да се префрлите од апликации на цел екран на повеќе прозорчиња или да го поделите екранот на пола со цел полесно да извршувате повеќе работи истовремено. [13]
Партнерствата на Samsung со компаниите Google и Microsoft го подигаат скалилото кога станува збор за извршување на повеќе работи истовремено. Google апликациите, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега ја поддржуваат Повлечи-и-Пушти функцијата, што на корисниците им овозможува брзо да копираат и пресликуваат линкови, фотографии и друго, од една апликација во друга. Со Google Meet, корисниците сега можат да се поврзат со повеќе луѓе додека уживаат во заеднички виртуелни активности, вклучувајќи заедничко гледање видеа на YouTube или играње видео игри преку видео повик[14]. Комплетниот Office пакет и Outlook на Microsoft ги користат предностите на дисплејот на преклоп и пружаат повеќе информации на екранот и побрзи начини на интеракција со содржината. Мултитаскинг искуството е комплетирано со S Pen пенкалото[15], кое овозможува цртање во движење и фаќање белешки со поедноставено складирање во стоечки поклопец со футрола за пенкало.[16]
Galaxy Z Fold4 прави феноменални фотографии и видео снимки со унапредениот широк објектив од 50MP и 30х SpaceZoom[17] објектив. Разните режими на работа на камерата, вклучувајќи поголема мапа на зумирање активирана во режимот Capture View, двоен преглед и до селфи и од задната камера се посебно направена со цел да се искористи единствениот хардверски дизајн за поголема флексибилност на користење на камерата. Исто така, со поголемиот број на пиксели, 23% појакиот сензор[18] и унапредената моќ на преработка, корисниците можат да прават јасни слики дури и ноќе.
Содржината е сeопфатна и поизразита на 7,6-инчниот главен екран [19]со поголемо ниво на светлост, поприлагодлива стапка на освежување од 120Hz[20] и помалку видлива камера под дисплејот (UDC) која се одликува со нов пораспрскан распоред на подпиксели. Популарните апликации на друштвени мрежи како што е Facebook, се оптимизирани за искуство на голем екран со цел повеќе да се ужива во содржината. Исто така, можете да ја отворите апликацијата на вашиот омилен стриминг сервис за забава како што е Netflix[21] и да гледате содржина без прекин со новиот Flex Mode Touchpad[22], кој нуди прецизност при запирање, премотување или емитување на видеа или зумирање на содржината додека уредот е во Flex режим.
Играњето игри е побрзо благодарејќи на моќната мобилна платформа Snapdragon 8+ Gen 1[23] и хипербрзата 5G мрежа. Со потенка шарка, помала тежина и уште потесна рамка, широкиот екран овозможува полесни интеракции со едната рака при користење на надворешниот екран.[24]
Samsung го продолжува својот пат на иновации кои ги рушат сите бариери и нуди степен на издржливост кој корисниците го очекуваат, и однадвор и одвнатре. Со засилени алуминиумски шарки и капаци и ексклузивни Corning® Gorilla® Glass Victus®+ на екранот на капакот и задното стакло, Z Flip4 и Z Fold4 се најцврстите телефони на преклоп на Samsung досега. Издржливоста на главниот панел на екранот е исто така подобрена благодарение на оптимизираната структура на слоеви, која помага да се намали штетата предизвикана од надворешно влијание. Дополнително, и Z Flip4 и Z Fold4 се опремени со IPX8[25] водоотпорност, така што корисниците не мора да се грижат дали ќе бидат фатени во дожд.
Galaxy Buds2 Pro, супериорен дизајн со совршено искуство за слушање
На серијата Galaxy Z и се придружуваат и Galaxy Buds2 Pro – новите супериорни Samsung слушалки кои го пружаат најимпресивното безжично аудио искуство со нов, компактен дизајн и беспрекорно поврзување кое е идеално за секој аспект од животот.
Уживајте во вашата музика со супериорното Hi-Fi 24bit Audio[26], кое нуди исклучителен динамички опсег за да се чувствувате поврзани со содржината што ја слушате со кристално чиста резолуција. Со новиот Samsung seamless codec[27] (SSC Hifi) квалитетната музика се слуша без задоцнување, а новите коаксијални двосмерни слушалки прават звукот да биде појасен од било кога. Новиот компактен, ергономичен дизајн е 15% помал[28], со цврсто вклопување дизајнирано со цел да се избегне вадење, што го прави совршен придружник за физичка активност. Прифатете ги повиците во движење со моќниот ANC[29] за да го елиминирате шумот. Новите слушалки Galaxy Buds2 Pro им овозможуваат на корисниците да избегаат во својот свет и во исто време да останат поврзани со секојдневниот живот.
Кога треба да остварите итен телефонски повик додека уживате во игра или гледате филм на таблетот, Buds2 Pro може беспрекорно да се префрли на аудио конекцијата на вашиот телефон само со допирање на прстот. Слушалките Buds2 Pro сега имаат Auto Switch[30], што овозможува лесна транзиција од вашето омилено ТВ шоу на телефонски повик. Во случај да ги изгубите слушалките за време на патувањето до работа, Smart Things Find сега го прави нивното лоцирање полесно и побрзо, без разлика дали се спакувани во или надвор од куќиштето.
Нарачајте пред сите!
Galaxy Buds2 Pro ќе бидат достапни во Северна Македонија по препорачана цена од 12.999 денари, а доколку ги купите слушалките во промотивниот период од 10.08.2022 до 25.08.2022 ќе добиете на поклон безжичен полнач EP-P2400BBEGEU во вредност од 2.499 денари.
Промоција ќе заврши и пред наведениот рок доколку дојде до исцрпување на залихите на уредот кои се предвидени за оваа промоција. За купувачот да оствари право на учество на промоцијата во прашање и на подарокот од предметната промоција, треба да се исполнат следниве услови:
Купувачот да купи Уред за време на промотивниот период; Уредот да е купен за време на промотивниот период исклучиво кај некој од продажните партнери на Samsung на територија на Република Северна Македонија; Уредот да го купил краен корисник на Уредот (крајни корисници се физички и правни лица на територија на Република Северна Македонија кои го купиле Уредот за сопствените потреби, а не за понатамошна препродажба или дистрибуција); Да изврши регистрација на Уредот на страницата https://www.samsung.com/mk/. Регистрацијата на наведената страница неопходно е да се изврши најдоцна до 20 Септември 2022.
Повеќе информации може да најдете на: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-buds2pro
Galaxy за планетата
Од лансирањето на серијата Galaxy S22, Samsung воведува рециклирани материјали не само во пакувањето, туку и во хардверот на новите производи. Ова се првите чекори во иницијативата Galaxy за планетата, која вклучува тековно вклучување на рециклирана пластика и создавање нови материјали со водечките партнери за одржливост. Додека продолжуваат да иновираат во одржливото производство, тие со гордост велат дека повеќе од 90 проценти од новите слушалки Galaxy Buds2 Pro се направени од рециклирани материјали. Новата серија Galaxy Z вклучува и пластика која инаку би завршила во морето, во клучните компоненти и 100 проценти рециклирана хартија за пакување. Тие, исто така, го намалија обемот на пакувањето за дури 58 проценти [31]во споредба со првата генерација на уреди на преклопување Galaxy. Ова е еквивалентно на елиминирање на околу 10.000 тони емисии на јаглерод од транспортот оваа година.[32]
Достапност
Galaxy Z Flip4 го дополнува стилот на корисникот со својот врвен дизајн во добро познатите бои: светло виолетова и графитна, како и новите бои: розово-златна и сина[33].
Galaxy Z Fold4 и држач со футрола за пенкало[34] се достапни во префинети бои вклучувајќи сиво-зелена, беж и фантомска црна.[35]
Galaxy Buds2 Pro доаѓа во сосема нови меки нијанси кои совршено се совпаѓаат со дизајнот на новиот телефон Z Flip4: графитна, бела и светловиолетова.
Galaxy Z Flip4 и Z Fold4 и Buds2 Pro ќе бидат достапни за нарачување во одредени земји од 10-ти август, а ќе бидат достапни на одредени пазари од 26-ти август. Корисниците кои однапред нарачуваат Galaxy Z Flip4 или Galaxy Z Fold4 добиваат уште една година Samsung Care+, за заштита од паѓање или скршени екрани со поддршка од експерти на Samsung во 51 земја.[36] Повеќе информации може да најдете на Samsung.com
Нарачајте пред сите!
Уредите од новата серија Galaxy Z се достапни во Северна Македонија по препорачаната цена Z Fold4 од 107.999 денари и Galaxy Z Flip4 од 64.999 денари.
Искористете го попустот во промотивниот период кој трае од 10.08.2022 до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 и 9.000 денари за Galaxy Z Flip4. Со оваа промоцја добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата).
Промоција ќе заврши и пред наведениот рок доколку дојде до исцрпување на залихите на Уредот кои се предвидени за оваа.
Покрај споменатите попусти за купување на уредите, купувачите на уредите можат да добијат дополнителен бенефит во форма на можност за откуп на својот стар мобилен телефон, со плаќање на проценетата куповна вредност на нивниот стар мобилен телефон, како и дополнителен бенефит од осигурување за внатрешниот екран на купениот уред, што покрива една штета предизвикана на внатрешниот екран на уредот во првата година од моментот на купување на новиот уред, со претходна регистрација.
За повеќе информации за Galaxy Z Flip4 и Z Fold4, посетете ги www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/global или https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4
Galaxy Z Flip4 | ||
Дисплеј | Главен екран | 6,7-инчен FHD+* Dynamic AMOLED 2X Infinity Flex Display (2640 x 1080, 22:9) Прилагодлива стапка на освежување 120Hz (1~120Hz) * Мерен дијагонално, главниот екран на Z Flipd4 има големина од 7,6 инчи како целосен правоаголник и 7,4 инчи кога ги вклучува заоблените рабови; вистинската употреблива површина е помала поради заоблените рабови и отворот на камерата. |
Насловен екран | 1,9-инчен Super AMOLED Display* 260 x 512 * Мерен дијагонално, екранот на Z Flip4 е со димензии 1,9″ во полн правоаголник и 1,8″ кога вклучува заоблени рабови; употребливата површина е помала поради заоблените рабови. |
|
Димензија и тежина | Склопен | 15,9mm (без шарка) – 71,9 x 84,9 x 17,1mm (со шарка) |
Отворен | 71,9 x 165,2 x 6,9mm
* Дебелината на Galaxy Z Flip 4 кога е преклопен не ја вклучува главната рамка на екранот… |
|
Тежина | 187g | |
Камера | Предна камера | 10MP селфи камера F2.4, големина на пиксели: 1,22μm, FOV: 80˚ |
Задна двојна камера | 12MP ултра-широка камера
F2.2, големина на пиксели: 1,12μm, FOV: 123˚ |
|
12MP широко-аголна камера Dual Pixel AF, OIS, F1.8, големина на пиксели: 1,8μm, FOV: 83˚ |
||
AP | 4㎚окта-јадрен процесор | |
Меморија |
8GB RAM sa 256GB интерна меморија * Достапноста може да варира во зависност од пазарот или каналот. Вистинскиот простор за складирање може да варира во зависност од пазарот, моделот и големината и форматот на датотеката. |
|
Батерија | 3,700 mAh (стандардна) двојна батерија
* Стандардна вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Стандардната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Проценетиот (минимален) капацитет е 3.595 mAh. Реалниот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. |
|
Полнење | Супер брзо полнење*: полнење до 50% за околу 30 минути со адаптер од 25W** или повеќе
Брзо безжично полнење 2.0*** Споделување безжична енергија**** *Жично полнење компатибилно со QC2.0 и AFC. Резултати од Samsung International Lab, спроведени со 25W адаптер за патување со 0% батерија со сите услуги, опции и исклучен екран. Точната брзина на полнење може да варира во зависност од условите за полнење на користење и други фактори. ** 25W адаптер се продава посебно. Користете само оригинални полначи и кабли на Samsung. ***Безжично полнење компатибилно со WPC ****Безжичното споделување енергија е ограничено на Samsung или други брендови на паметни телефони со безжично полнење WPC Qi, како што се Galaxy Z Fold4, Z Flip4, S22 Series, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, S21 Series, Z Fold2 , серија Note20, серија S20, Z Flip, серија Note10, серија S10, серија S9, серија S8, серија S7, серија S6, Note9, Note8, Note FE, Note5 и уреди за носење како Galaxy Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch5, Watch5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да не работи со одредени додатоци, капаци или уреди од други брендови. Тоа може да влијае на приемот на повици или услуги за податоци, во зависност од мрежното опкружување. |
|
Водоотпорност | IPX8
* IPX8 се заснова на услови за тестирање на длабочина до 1,5 метри во свежа вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Не е отпорен на прашина. |
|
OS | Android 12 One UI 4.1.1 |
|
Мрежа и поврзување | 5G*, LTE**, Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac/ax, Bluetooth® v5.2
*5G услугите се поддржани само на локации со 5G мрежа. Потребна е оптимална 5G врска. Брзината може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување. **Достапноста на моделот LTE зависи од земјата и операторот. Брзината може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување. |
|
Сензори | Капацитивен сензор за отпечатоци (страничен), акцелерометар, барометар, жироскоп, геомагнетен сензор, сензор за простор, сензор за близина, сензор за светлина | |
Безбедност | Samsung Knox, Samsung Knox Vault | |
SIM картичка | Една Nano SIM* и една eSIM**
*СИМ-картичката се продава посебно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот. **Достапноста на eSIM може да зависи од верзијата на софтверот, регионот и операторот. Проверете кај вашиот оператор за да видите дали вашиот план за мобилна мрежа поддржува eSIM. |
|
Боја | Графитна, Розово-златна, Сина, Светловиолетова
* Достапноста може да варира во зависност од пазарот. |
Galaxy Z Fold4 | ||
Дисплеј | Главен екран | 7,6-inčni QXGA+* Dynamic AMOLED 2X Infinity Flex Display (2176 x 1812, 21.6:18) Прилагодлива стапка на освежување 120Hz (1~120Hz) * Мерен дијагонално, главниот екран на Z Fold4 има големина од 7,6 инчи како цврст правоаголник и 7,4 инчи кога ги вклучува заоблените рабови; вистинската корисна површина е помала поради заоблените рабови. |
Насловен екран | 6,2-inčni HD+ Dynamic AMOLED 2X Display (2316 x 904, 23.1:9) Прилагодлива стапка на освежување 120Hz (48~120Hz) * Мерен дијагонално, главниот екран на Z Fold4 има големина од 6,2 инчи како целосен правоаголник и 76,1 инчи кога ги вклучува заоблените рабови; вистинската употреблива површина е помала поради заоблените рабови и отворот на камерата. |
|
Димензија и тежина | Склопен | 14,2mm,(без шарки) – 67,1 x 155,1 x 15,8mm (со шарки) |
Отворен | 130,1 x 155,1 x 6,3mm | |
Тежина | 263g | |
Камера | Насловна камера | 10MP селфи камера
F2.2, големина на пиксели: 1,22μm, FOV: 85˚ |
Камера под дисплејот | 4MP камера под дисплејот F1.8, големина на пиксели: 2,0μm, FOV: 80˚ |
|
Задна тројна камера | 12MP ултра-широка камера F2.2, големина на пиксели: 1,12μm, FOV: 123˚ 50MP широко-аголна камера 10MP телефото камера *30x Space Zoom вклучува 3x оптички зум и 30x дигитален зум со технологија за супер резолуција на AI. Зумирањето над 3x може да резултира со послаб квалитет на сликата. |
|
AP | 4㎚окта-јадрен процесор | |
Меморија | 12GB RAM sa 512GB интерна меморија 12GB RAM sa 256GB интерна меморија * Достапноста може да се разликува по пазар или канал. Меморијата може да варира во зависност од пазарот, моделот и големината и форматот на датотеката. |
|
Батерија | 4,400mAh (стандардна) двојна батерија*
* Стандардна вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Стандардната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Проценетиот (минимален) капацитет е 4275 mAh. Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. |
|
Полнење | Супер брзо полнење*: полнење до 50% за околу 30 минути со адаптер од 25W** или повеќе
Брзо безжично полнење 2.0*** Споделување безжична енергија****
*Жично полнење компатибилно со QC2.0 и AFC Резултати од Samsung International Lab, спроведено со 25W адаптер за патување со 0% батерија со сите услуги, опции и исклучен екран. Точната брзина на полнење може да варира во зависност од условите за полнење на користење и други фактори. ** 25W адаптер се продава посебно. Користете само оригинални полначи и кабли на Samsung. ***Безжично полнење компатибилно со WPC ****Безжичното споделување енергија е ограничено на Samsung или други брендови на паметни телефони со безжично полнење WPC Qi, како што се Galaxy Z Fold4, Z Flip4, S22 Series, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, S21 Series, Z Fold2 , серија Note20, серија S20, Z Flip, серија Note10, серија S10, серија S9, серија S8, серија S7, серија S6, Note9, Note8, Note FE, Note5 и уреди за носење како Galaxy Buds2 Pro, Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch5, Watch5 Pro, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Може да не работи со одредени додатоци, капаци или уреди од други брендови. Тоа може да влијае на приемот на повици или услуги за податоци, во зависност од мрежното опкружување. |
|
Водоотпорност | IPX8
* IPX8 се заснова на услови за тестирање на длабочина до 1,5 метри во свежа вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Не е отпорен на прашина. |
|
OS | Android 12L One UI 4.1.1 |
|
Мрежа и поврзување | 5G*, LTE**, Wi-Fi 6E*** 802.11 a/b/g/n/ac/ax, Bluetooth® v5.2
*5G услугите се поддржани само на локации со 5G мрежа. Потребна е оптимална 5G врска. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување. **Достапноста на моделот LTE зависи од земјата и операторот. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување. ***Достапноста на мрежата Wi-Fi 6E може да варира во зависност од пазарот, мрежниот добавувач и корисничкото опкружување. Потребна е оптимална врска. Потребен е рутер Wi-Fi 6E. |
|
Сензори | Капацитивен сензор за отпечатоци (страна), акцелерометар, барометар, жироскоп, геомагнетен сензор, сензор за простор, сензор за близина, сензор за светлина | |
Безбедност | Samsung Knox, Samsung Knox Vault | |
SIM картичка | До две Nano SIM-картички* и една eSIM**
* SIM картичката се продава одделно. Достапноста може да варира во зависност од пазарот и операторот. **Достапноста на eSIM може да зависи од верзијата на софтверот, регионот и операторот. Проверете кај вашиот оператор за да видите дали вашиот план за мобилна мрежа поддржува eSIM. |
|
Боја | Фантомска црна, Беж , Сивозелена
*Достапноста може да зависи од пазарот |
Galaxy Buds2 | |
Боја | Графитна, бела и светловиолетова.
*Достапните бои може да варираат во зависност од пазарот, операторот или продавачот на мало. |
Димензии и тежина | Слушалка: 19,9 x 21,6 x 18,7 mm, 5,5g
Футрола за полнење: 50,1 x 50,2 x 27,7 mm, 43,4g |
Звучник | Прилагоден коаксијален двонасочен звучник (твитер + вуфер). |
Квалитет на звук | 24 битна Hi-Fi*
360 аудио со директен повеќеканален** *24-битното Hi-Fi аудио бара уреди Samsung Galaxy со OneUI 4.0 или понова верзија и Galaxy Buds2 Pro. Поддршката за 24-битен Hi-Fi аудио може да зависи од апликацијата **Direct Multinal поддржува Android One UI верзија 4.1.1 или повисока, 360 Audio поддржува One UI 3.1 или понова верзија |
ANC и амбиентален звук | ANC*+Микрофон со висок SNR (2 надворешни + 1 внатрешен)**
Амбиентален звук Препознавање глас*** **Со 3 микрофони со висок SNR (сооднос сигнал кон шум), Galaxy Buds2 Pro може да го елиминира малиот шум со регистрирање звуци од пониско ниво. ***Galaxy Buds2 Pro може да разликува бучава и човечки гласови. Кога зборувате, тие привремено се префрлаат на амбиентален режим и ја намалуваат јачината на звукот за да можете да го слушнете разговорот без да ги вадите слушалките. |
Капацитет на батерија | Слушалки: 61 mAh (стандардни)
Куќиште за полнење: 515 mAh (стандардно)
** Стандардниот капацитет е тестиран во лабораториски услови од трета страна. Стандардниот капацитет е проценетиот просечен капацитет земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960-3. Проценетиот капацитет е 58 mAh (слушалки), 500 mAh (кутија за полнење). Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. |
Времетраење на играње игри | До 5 часа / вкупно до 18 часа (вклучено ANC)
До 8 часа / вкупно до 29 часа (ANC исклучено) * Слушалките обезбедуваат до 5 часа играње со вклучено ANC (до 8 часа со исклучено ANC), додека куќиштето обезбедува издржливост на батеријата до 18 часа (до 29 часа со исклучено ANC) кога куќиштето и слушалките се полнат до 100%. Врз основа на внатрешно тестирање. Аудио времето за емитување беше тестирано со спарување на претпродукциското Galaxy Buds2 Pro со неодамна лансираниот паметен телефон Galaxy со фабрички поставки** со овозможено ANC. Вистинскиот век на батеријата може да зависи од условите за користење, поставките, бројот на полнења, јачината на сигналот Bluetooth и други фактори ** Фабричките поставки се однесуваат на оригиналните поставки за Galaxy Buds2 Pro кога е стартуван и само вклучен. |
Времетраење на разговорот | До 3,5 часа / вкупно до 14 часа (вклучено ANC)
До 4,0 часа / вкупно до 15 часа (ANC исклучено) * Слушалките обезбедуваат до 3,5 часа разговор со вклучен ANC (до 4 часа со исклучен ANC), додека куќиштето обезбедува до 14 часа траење на батеријата (до 15 часа со исклучено ANC) кога куќиштето и слушалките се се наплаќа до 100%. Врз основа на внатрешно тестирање. Времето за разговор беше тестирано со поврзување на претпродукциското Galaxy Buds2 Pro со неодамна лансираниот паметен телефон Galaxy со фабрички поставки и овозможено ANC. Вистинскиот век на батеријата може да зависи од условите за користење, поставките, бројот на полнења, јачината на сигналот Bluetooth и други фактори. |
Поврзување | Bluetooth® 5.3, автоматски прекинувач
Кодек: Samsung Seamless Codec HiFi (Samsung Proprietary) AAC, SBC |
Сензор | Брзинометар, жироскоп, близина, простор, допир, единица за регистрација на глас (VPU) |
Компатибилност | Android 8.0 или понова верзија со над 1,5 GB RAM меморија
*Некои функции може да не се достапни на уреди кои не се од Samsung. Достапноста може да варира во зависност од пазарот, операторот или поврзаниот уред. |
Водоотпорност | IPX7
*IPX7 се заснова на услови за лабораториски тестови на длабочина до 1 метар во свежа вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Кутијата за полнење не е водоотпорна. Ако слушалките се оштетени, не се гарантира дека се водоотпорни. Ако слушалките или рацете ви се влажни, тие мора добро да се исушат пред да ги ракувате или да ги ставите во кутијата за полнење. |
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи, кастинг и LED решенија. За најновите вести, посетете ја Newsroom на Samsung на http://news.samsung.com
[1] Во споредба со моделот Galaxy Z Flip 3 5G
[2] FlexCam се однесува на искуство на користење на камерата во Flex режимот. Flex режимот е поддржан под аглите помеѓу 75° и 115°.
[3] Компатибилноста зависи од апликацијата.
[4] Во споредба со моделот Galaxy Z Flip3 5G.
[5] Функцијата достапна на Samsung Wallet. Достапноста на Samsung Wallet и воведувањето специфични функции може да зависат од пазарот и моделот на уредот и се предмет на промена. Услуги за дигитални клучеви за автомобили достапни на одбрани пазари и модели на уреди.
[6] Мора да биде уклучен SmartThings Scene во SmartThings апликацијата.
[7] Во споредба со моделот Galaxy Z Flip3 5G. Стандардна вредност тестирана во лабораториски услови од трета страна. Стандардната вредност е проценета просечна вредност земајќи го предвид отстапувањето на капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960.
[8] Достапно е супер брзо полнење кога користите адаптер од 25 W или поголем. Резултати од внатрешните лабораториски тестови на Samsung, спроведени со адаптер за патување од 25W со 0% батерија, со исклучени услуги, функции и екран. Вистинската брзина на полнење може да зависи од употребата, условите за полнење и други фактори. Адаптер за патување се продава посебно. Користете само полначи и кабли одобрени од Samsung.
[9] За видео, поддржана е резолуција од 176×144 (qCIF) до 1920×1080 (FHD), емитување до 15 секунди и максимална големина до 100 MB.
[10] Flex режим поддржан под агли помеѓу 75° и 115°.
[11] Функцијата Таскбар е поддржана само на главниот екран.
[12] Бара активација на Labs во поставки.
[13] Одредени апликации можеби не поддржуваат Multi Active Window или App Pair.
[14] Достапноста и поддржаните апликации за споделување во живо може да се разликуваат во зависност од земјата и уредот. Корисниците можеби ќе треба да ги ажурираат YouTube и Google Meet до најновата верзија. Некои поддржани апликации за споделување во живо може да бараат услови за претплата.
[15] S Pen се продава одделно. Само главниот екран на Z Fold4 има можност за S Pen. Компатибилен само со S Pen Fold Edition и S Pen Pro. Секое друго S Pen или дигитално пенкало што не е дизајнирано за Z Fold4 (вклучувајќи ги и оние од трети страни) може да го оштети екранот.
[16] S Pen Fold Edition е вклучена во стоечка обвивка со куќиште за пенкало. Додатоци се продаваат одделно.
[17] 30x Space Zoom вклучува 3x оптички зум и 30x дигитален зум со технологија за супер резолуција на AI. Зумирањето над 3x може да резултира со послаб квалитет на сликата.
[18] Во споредба со моделот Galaxy Z Fold3 5G.
[19] Мерен дијагонално, главниот екран на Z Fold4 е 7,6″ целосен правоаголник и 7,4″ кога вклучува заоблени рабови; вистинската корисна површина е помала поради заоблените рабови.
[20] Стапката на освежување на екранот зависи од апликацијата што се користи, а одредени апликации може да не поддржуваат стапки до 120 Hz.
[21] Потребна е Netflix претплата за стриминг.
[22] Бара активација на Labs во поставки.
[23] Брзините на 5G може да варираат и бараат оптимална мрежа и поврзување (фактори вклучуваат фреквенција, капацитет на широкопојасен интернет, метеж); проверете ја достапноста со вашиот мобилен оператор.
[24] Во споредба со моделот Galaxy Z Fold4 5G.
[25] IPX8 се заснова на услови за тестирање на длабочина до 1,5 метри во свежа вода до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или базен. Не е отпорен на прашина.
[26] Неопходен е Samsung Galaxy уред со One UI 4.0 или повеќе. 24-bit аудио поддршка може да зависи од апликацијата.
[27] Samsung Galaxy уред со One UI верзија 4.0 или понова.
[28] Во споредба со димензиите на Galaxy Buds Pro.
[29] Во споредба со Galaxy Buds Pro: -3dB (50~1kHz просечно).
[30] Функцијата за Auto Swich за ТВ Samsung е достапна само на телевизори Samsung лансирани во февруари 2022 година или подоцна по добивањето ажурирање на фирмверот од јули 2022 година. Автоматското префрлување со ТВ е достапно само за остварување и примање телефонски повици.
[31] Обемот на амбалажата на Galaxy Z Fold4 и Galaxy Z Flip4 е смален за 58,2% и 52,8%, респективно, во споредба со Galaxy Z Fold3 и Galaxy Z Flip3.
[32] Пресметано врз основа на стандардите ISO 14040:2006 и 14044:2006, користејќи база на податоци Ecoinvent 3.8 за испорака на моделите SM-F700F, SM-F721B, SM-F900F и SM-F936B од Јужна Кореја во Европа.
[33] Достапните бои може да варираат зависно од пазарот, операторот и продавачот.
[34] Дополнителната опрема со продава посебно.
[35] Достапноста на боите може да зависи од пазарот.
[36] Важат условите и правилата. Покриеноста на Samsung Care+, видот на услугата и поправката може да се разликуваат во зависност од земја (регион) и може да се примени одбиток (такса за услуга). За детални информации за Samsung Care+, посетете ја www.samsung.com/samsung-care-plus/
ПР Текст