Твитер тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците да прикачат повеќе формати на содржина на еден твит. Со помош на новата функција, корисникот може да додаде фотографија, видео и GIF во еден твит.
Оние кои некогаш користеле Твитер знаат дека компанијата во моментов дозволува само еден вид/формат на медиумска содржина да се прикачи на твит. Иако е можно да се прикачат четири фотографии, не можете да додадете повеќе од едно видео или GIF или да ги мешате со фотографии.
Со опцијата која е во фаза на тестирање се задржува лимитот од четири медиумски содржини, но сега корисникот би имал можност на кој било начин да комбинира фотографии, видеа или GIF во тие четири полиња.
#Twitter is working to allow you to attach photos, videos and GIFs to a tweet at the same time ? pic.twitter.com/uZazWRX0Yr
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) April 23, 2022
Твитер истакна дека ја тестира новата функција на неколку избрани кориснички сметки во ограничен период. Компанијата вели дека со овој тест сака да открие како корисниците комбинираат различни формати на содржина за покреативно да ги изразат своите ставови, надвор од ограничувањето од 280 знаци што го дозволува Twitter.
Last night statuses…tonight ?
cc @MattNavarra pic.twitter.com/2aX8SPwwx1
— Carl Schmid (@CarlSchmid) July 29, 2022
Како што е вообичаено за тестовите на Twitter, функцијата моментално е достапна на ограничен начин, а сè уште нема информации кога ќе биде овозможена за сите корисници.