На почетокот на јули 14-годишно момче беше спасено од давење во Шпанија благодарение на дрон.
Момчето пливало во морето во близина на брегот на Сагунта во Валенсија додека биле истакнати жолти предупредувачки знамиња. Меѓутоа, тој почнал да се дави, а спасувачите му пришле на помош и му предале појас за спасување со дрон. Беспилотното летало имаше огромна предност во однос на обичниот скутер бидејќи не мораше да се бори со брановите, па не се трошеше драгоцено време.
14-годишното момче не можело да се врати на брегот поради силните бранови и струи и покажувало знаци на исцрпеност, а дронот тргнал во спасувачка мисија и му доставил елек за спасување кој го одржувал на површина. Спасувачите потоа стигнале до момчето користејќи воден скутер со прикачена носилка.
По спасувањето момчето било пренесено во болница каде било прегледано и задржано во текот на ноќта, а следниот ден било пуштено.
Градоначалникот на Сагунта, Дарио Морено, изјави за El Pais дека ова е петто спасување спроведено со помош на дрон од јуни. Исто така, истите дронови открија подводни дронови во близина на градот Марбеља кои шверцувале дрога низ Гибралтар.
Мотивот за спасувањето со дрон делумно бил случајот со жена која починала на скутер откако малку порано дала знаци на живот. Спасувачите веруваат дека секунди пресудиле и тоа ја направило разликата помеѓу животот и смртта.
Беспилотните летала се произведени од General Drones, компанија основана од поранешниот спасител Адријан Плазас и неговиот колега Енрике Фернандез. Тие со своите дронови обезбедуваат 20 плажи во регионот на Валенсија.
Поврзани артикли