Сите корисници на Firefox на десктопот отсега ќе бидат стандардно заштитени преку функцијата Total Cookie Protection на овој прелистувач.
Mozilla ја нарекува оваа функција „најсилната заштита на приватноста досега“ кога станува збор за прелистувачите, бидејќи ги ограничува колачињата на страницата каде што се креирани.
Ова значи дека ги чува колачињата изолирани, спречувајќи ги компаниите што ги надгледуваат да пристапат до тие колачиња и да ги следат активностите на корисникот без негова дозвола. Без оваа функција, сајтовите можат да добијат повеќе информации за корисникот, со цел да испорачаат конкретни реклами врз основа на активностите на корисниците.
Mozilla ја објави функцијата во 2021 година и претходно стандардно ја овозможи само кога корисникот ќе се префрли на приватен режим на Firefox. Сега сите корисници на Firefox на десктопот можат да уживаат во придобивките што ги носи функцијата, без да мора конкретно да ја вклучуваат.
На почетокот на оваа година, Mozilla имплементираше Total Cookie Protection во прелистувачот Firefox Focus за уреди со Android, со цел да се бори против веб-мониторингот на мобилните уреди.