Суперкомпјутерот LUMI ќе се користи за истражување во областа на медицината, вештачката интелигенција, климатските промени, обновливите извори на енергија и фузијата.
Фински експерти го покренаа LUMI, најмоќниот суперкомпјутер во Европа и трет најбрз во светот, кој ќе биде и енергетски ефикасен, пренесува Бета.
Сместен во стара фабрика за хартија во градот Кајаани, на околу 500 километри северно од Хелсинки, суперкомпјутер со големина на кошаркарски терен може да произведе енергија еднаква на два милиони лаптопи.
LUMI е проект на Европската организација за компјутери со високи перформанси (EuroHPC JU) и 10 европски земји – Финска, Белгија, Чешка, Данска, Естонија, Полска, Шведска, Швајцарија, Исланд и Норвешка.
Суперкомпјутерот чинел 200 милиони евра, од кои една четвртина обезбедила Финска, а остатокот од другите партнери, пренесува Euractiv.
Кајаани е избрана за локација бидејќи нејзината студена клима ќе бара малку енергија за да се излади суперкомпјутерот.
LUMI ќе ја добива целата струја од хидроцентралата, а топлинската енергија што ќе ја генерира ќе ја користи во топлификационата мрежа.
LUMI ќе се користи за истражување во областа на медицината, вештачката интелигенција, климатските промени, обновливите извори и фузија енергија.
Суперкомпјутерот ќе може да го користат академски истражувачи од целиот свет, а петтина од неговиот капацитет е резервиран за приватни компании.
Моментално само американскиот Summit и јапонскиот Fugaku се побрзи од суперкомпјутерите LUMI во светот.