Не сме сигурни дека најновиот потег кој „LinkedIn“ го подготви ќе им се допадне на неговите корисници.
Професионалната друштвена мрежа која е во сопственост на „Microsoft“ одлучи да воведе „autoplay“ видео реклами.
Претходно, доколку некој посакаше да постави видео реклама, мораше да биде поврзан со некој друг сервис, како што се „YouTube“ или „Vimeo“.
Меѓутоа, пристигнувањето на овие промени, видео снимките ќе се прикажуваат како основна содржина во нормалните постови на „LinkedIn newsfeed“ заедно со сите останати постови и реклами за работа.
За среќа, иако видео рекламите автоматски ќе стартуваат кога корисникот ќе дојде до нив, „LinkedIn“ одлучи звукот автоматски да биде исклучен.