Големи автономни роботи почнаа да се движат меѓу полиците на американските маркети „Волмарт“, како дел од воведувањето на новата програма која беше покрената минатата есен.
„Еј-би-си њуз“ објави видеорепортажа за новите роботи во продавниците на „Волмарт“, кои изненадија и шокираа некои од купувачите. Технологијата вградена во овие роботи е слична како кај автомобилите со самостојно управување и тие со помош на вградениот софтвер ги скенираат полиците и проверуваат дали производите се на соодветните места и дали имаат етикети со точните цени и називи.
Robots have begun to roam the aisles of Walmart stores
“Are machines taking over?”Towering, autonomous robots are beginning to roam the aisles of select Walmart stores, scanning shelves for data on out-of-stock, misplaced or mislabeled items. https://abcn.ws/2GhMpOy
Posted by ABC News on Вторник, 27 март 2018
„Во ‘Волмарт’ сум и тука има нешто што ги скенира рафтовите“, рекла една жена за време на телефонски разговор додека пазарела во маркетот во Лос Анџелес. Друга, пак, рекла: „На почетокот мислев дека е машина за чистење подови“.
Трет купувач изјавил: „Не знам, ова станува малку страшно. Зарем машините ќе завладеат со секоја сфера од нашите животи“.
„Податоците кои роботите ги собират се испраќаат во база на податоци што регистрира кои производи треба да бидат заменети, односно кои места надополнети“, изјавил Мартин Хич од компанијата „Боса нова роботикс“ која ги произведува роботите.
Инаку, роботите се воведени во 50 маркети на „Волмарт“ низ САД.