Компанијата Activision донесе „див“ кросовер во играта Call of Duty; Warzone, а тоа е временски ограничен мод кој во овој свет ги воведува чудовиштата Годзила и Кинг Конг.
Во новиот мод наречен Operation Monarch, играчите се натпреваруваат да станат единствениот преживеан тим додека Годзила и Кинг Конг талкаат по островот. Чудовиштата генерално нема да бидат премногу агресивни во одредени сегменти за време на натпреварот, но сепак можат да ги нападнат играчите.
Кога ќе пристигне нотификацијата Titan Frenzy, играчите можат тактички да се повлечат и да избегаат од опасните чудовишта или да одговорат со напад. Ако се направи доволно штета на чудовиштата, тогаш играчот ќе добие Killstreak кој ви овозможува да ја користите моќта на Годзила или Кинг Конг.
Режимот Operation Monarch ќе биде достапен од 11 до 25 мај, а покрај режимот Activision, носи и голем број тематски ставки, меѓу кои и скинови.
Годзила и Кинг Конг се најновите необични кросовери во battle royale.