Страсните гејмери се многу внимателни за опремата и хардверот што го користат и релативно лесно им е да го добијат најдобриот компјутер и конзола или да украсат соба. За мебел постои фирмата Bauhutte.
Јапонската компанија Bauhutte, која се занимава со производство на опрема за игри, повторно лансираше интересен производ на пазарот. Станува збор за прилагодлив кревет, наменет за гејмерите.
Овој систем им овозможува на гејмерите да ги поминуваат повеќето денови пред мониторот, да спијат и да се будат на истото место и да бидат подготвени за следното ниво или авантура во играта.
Името на креветот е „The Electric Gaming Bed“, а покрај креветот има и разни додатоци, како што се простор за складирање облека, полици за енергетски пијалоци и други елементи.
Од Bauhutte велат дека креветот е со димензии 94 x 199 x 13,8 до 28,5 сантиметри и тежи 37,9 килограми. Предложената цена на креветот кој се продава во Јапонија е околу 1130 долари.