Компанијата Lambda создаде подобрена верзија на лаптопот Razer Blade 15 Advanced од минатата година, на кој е додаден Ubuntu, сето тоа со дозвола од компанијата Razer.
Лаптопот Razer x Lambda Tensorbook ќе се продава на истражувачи на вештачка интелигенција и машинско учење, а цената е 3.500 долари. Лаптопот работи на процесорот Intel Core i7 CPU 11 генерација, користи графичка картичка Nvidia RTX 3080 Max-Q и има 64 GB RAM.
Дисплејот на уредот е 15,6-инчен 165Hz 1440p, а се се напојува од батерии од 80Wh. Има и две Thunderbolt 4 порти, три USB 3.2 Gen 2 Type-A порти, како и поддршка за Wi-Fi 6E и Bluetooth 5.2.
Tensorbook ја промени бојата, па сега е сребрен наместо црн и има претходно инсталирани драјвери и алатки за машинско учење како PyTorch, Tensorflow, CUDA и cuDNN.
Razer со години сугерира подобра поддршка за платформата Linux и можно е неодамна обновениот интерес за игри со Linux (поттикнат од уредот Steam Deck) да го принуди Razer да вклучи повеќе Linux во своите идни производи.