Apple се соочува со нова тужба поради монополот на пазарите на Европската унија. Ова се случи откако Spotify се пожали, што доведе ЕУ да го преземе случајот.
Според Ројтерс, најновите наводи се дел од тековната истрага на Европската комисија. Истрагата се води поради обвинувањата на Spotify за монополското однесување и практики кои Apple ги водел на пазарот во ЕУ.
Се сугерира дека овој развој може дополнително да го зајакне процесот на ЕУ против компанијата од Купертино, како и други големи ИТ компании.
Уште во 2019 година, Spotify поднесе жалба до Европската комисија против Apple, обвинувајќи ја дека наметнува правила од App Store кои „намерно го ограничуваат изборот и спречуваат иновации на сметка на корисничкото искуство“.
Извори блиски до оваа тема сугерираат дека Европската комисија сега планира да го обвини Apple со уште една антимонополска тужба, која се очекува во следните неколку недели.