Сантијаго Хернандез е студент по хемија, а преку проектот сакал да ја искористи електролизата како гориво
Електролизата е процес при кој јоните се разложуваат на конститутивни елементи со помош на еднонасочна струја. Комерцијално се користи во хемиската индустрија, како и за рафинирање на метали, а благодарение на оваа идеја би можела да добие уште една примена.
Тоа е всушност и целта на проектот на Хернандез.
„Потребни ни се луѓе со идеи, подготвени да иновираат. Што се однесува до самиот проект, тој ќе бара структурни модификации, користејќи опрема слична на онаа што се користи со компримиран природен гас (CNG)“.
Проектот е наречен „Зелен чекор по чекор“, а кога би била можна негова комерцијализација, би имал голем придонес за намалување на емисиите на CO2.
Според достапните информации, прототипот користи стаклена тегла наместо резервоар за гориво. Во него се влева валкана или морска вода, која го „храни“ електронскиот систем. Во сегашната форма, постои опасност теглата да експлодира, поради што Хернандез препорачува употреба на опрема за CNG.
Во иднина има намера да направи видео туторијал во кој би објаснил како се прави сличен систем во домашни услови.