Pro верзијата на уредот HTC Vive за виртуелна реалност ќе стане достапна за купување веќе од 5-ти април со цена од 880 долари/800 евра, додека постарата верзија HTC Vive ќе може да се купи по намалена цена, па така сега ќе се продава за 600 долари/500 евра.
Со објавувањето на датумот за пуштање во продажба, раководството на компанија соопшти дека е овозможена нарачка и дека секој кој ќе го купи „HTC Vive Pro“ до јуни ќе добие 6 месеци бесплатна претплата на сервисот „Viveport“, кој овозможува секој месец да се изберат 5 „VR“ наслови од големата понуда.
Значително цената на „Pro“ уредот е оправдана и со подобрите технички карактеристики, како двата „OLED“ екрани со резолуција од дури 2880 x 1600 пиксели (78% повеќе во однос на претходникот), а тука се и уште подобрите слушалки, високите перформанси, што ќе овозможат значително подобро потпување.
„HTC Vive Pro“ носи и одредени промени во дизајнот со цел да се подобри комфорот при носење и тежината е рамномерно распределена.