Компанијата SpaceX планира во мај да ја лансира својата ракета Starship во орбитата.
Доколку нема некои одложувања, извршниот директор на SpaceX, Елон Маск, верува дека лансирањето на Starship во орбитата ќе се случи во мај. SpaceX планира до април да има 39 готови ракетни мотори, а нивната интеграција ќе трае околу еден месец.
Лансирањето ќе зависи од поновите Raptor 2 мотори кои се помоќни и посигурни од постарите модели. SpaceX почна да ги произведува во декември 2021 година, а нивниот дизајн е двојно поевтин од претходниот. Моторите Raptor 2 се многу помоќни и користат помалку делови. Се очекува Raptor 2 да се користи за Starship, но и за ракетата Super Heavy и тие се издвојуваат како клучен дел од плановите на SpaceX за мисиите на Месечината и Марс.
Лансирањето не зависи само од техничкиот напредок, туку и од дозволата на Федералната управа за авијација. SpaceX водеше разговори за орбиталниот лет на Starship уште минатата година и е оптимист кога станува збор за роковите. Некогаш тоа беше „глава над пети“, но сега се склопени речиси сите коцки во планот на Маск.