Доколку вашиот оперативен систем претстави некоја програма која не сака да се отвори, а за која до тој момент не сте слушнале, време е да кликнете на старото добро “Не”. Големи се шансите дека се работи за злонамерен софтвер кој може прилично да го оштети вашиот компјутер и да ги загрози вашите онлајн-профили. Ако сте дозволиле апликацијата да се отвори, ви препорачуваме темелно скенирање со антивирусна програма.
Хакерите пронајдоа нов лукав начин како да ви влезат во профилите на „Фејсбук“ и „Гугл“ преку користење на опцијата „Ја заборавив лозинката“. Откако ќе испратат барање, тие можат да го искористат посебниот протокол на пренасочување на пораките и повиците за да ја добијат безбедносната шифра на својот компјутер. Ако е можно, не поврзувајте ги телефонските броеви со непроверени интернет-профили и страници. Ако веб-страницата не е од пресудна важност, доволно е да се држите до старата добра комбинација од е-пошта и лозинка.
Поврзувањето преку „Фејсбук“ и „Твитер“ на непознати страници им дава на тие страници пристап до вашите социјални мрежи и информации. Информациите што се собираат со оваа метода можат да бидат искористени за упаѓање во вашиот приватен профил. Секако, постојат варијации на овие методи на пријавување кои не се штетни, но начелно идејата за поврзување на профилот со непознати страници и не е баш најдобра.
Незаштитените безжични мрежи многу често можат да кријат хакерски замки. Најчестиот метод на измама е виртуелна мрежа која има многу слично име со онаа јавната и тоа всушност е лаптопот на хакерот. Откако некој ќе наседне и ќе се поврзе на неговиот компјутер, сајбер-криминалецот може да инсталира софтвер на компјутерот на жртвата и да ѝ ги украде приватните податоци, вклучително и лозинките.
Исто така, треба да ги заборавите сите заштитни протоколи освен WPA. Влезете во поставките на рутерот и креирајте солидна лозинка која ќе ја запишете на сигурно место. Потоа, исклучете го WPS. Хакерите многу често го пробиваат овој вид заштита благодарение на многу познатиот безбедносен пропуст. На крај, често проверувајте ги уредите што се поврзани на вашата мрежа. Ако најдете натрапник, време е за паника и блокирање.
Извор: Tportal.hr