Компанијата Astra успешно се врати на лансирањата откако во февруари доживеа катастрофа.
Со својата ракета LV0009, Astra лансираше сателити на три комерцијални компании и со тоа успешно ја заврши својата прва комерцијална мисија.
Сепак, во текот на летот имаше момент кога се чинеше дека мисијата ќе пропадне бидејќи набрзо по стигнувањето во орбитата, требаше да следува испуштање на сателити, освен на еден кој требаше да остане прицврстен, но Astra веднаш не доби потврда дека процесот е завршен, па преносот беше орекинат. Меѓутоа, еден час подоцна, преносот продолжи, а директорот на Astra, Крис Кемп потврди дека мисијата била извршена според планот и дека „сателитите почнале да комуницираат со станиците на тлото“.
„Нашите клиенти не информираат дека сателитите се „живи“. Комуникацијата е воспоставена, што значи дека се на нивните локации“, рече Кемп.
Успешното лансирање следуваше по катастрофата што ја доживеа Astra во февруари, кога беа изгубени ракетата и нејзиниот товар, односно четири мали сателити. Проблемот настана во моментот на одвојувањето на фаза на ракетата.