Водечката компанија во ИТ сферата, Делтатре, чиј главен фокус е развивање на софтвер за спорт и забава ја продолжува својата глобална експанзија и го додаде Скопје на листата на светски градови во кои има канцеларии.
Новата канцеларија е со локација во центарот на градот и во моментов брои 50 вработени. Но, тука не застануваат амбициозните планови на Делтатре. Компанијата го проширува својот тим и е во потрага по голем број уникатни таленти и посветени индивидуи кои имаат една цел – да го променат начинот на кој луѓето ги доживуваат и конзумираат спортот, платформите за забава и воопшто стримингот. Вработувањата се на позиции кои се од суштинско значење за работењето на компанијата, како развивање и тестирање на софтвер, проектен и продуктен менаџмент и нудат можност за работа на проекти поврзани со најголемите светски спортски настани, како и на најиновативните продукти во стриминг технологијата.
Вработените во Делтатре ја имаат флексибилноста во изборот на работа од канцеларија, или работа од дома, или пак комбинација од двете, доколку тоа го дозволува позицијата.
CEO Андреа Марини вели: „Со огромно задоволство им посакуваме Добредојде во Делтатре на нашите нови колеги од Севрна Македонија. Правиме голем чекор и се надеваме на успешно работење и проширување на компанијата во овој регион. Со ова ја потврдуваме глобалната распространетост на Делтатре и стремежот за експанзија на нови ИТ пазари.“
Да се работи во Делтатре значи да се биде дел од тимови кои со својата експертиза и применета докажана технологија создаваат нови иновативни решенија, со што им овозможуваат на спортските фанови ултимативно стриминг искуство во секое време, од секое место и на секој уред.
Делтатре е тренд-сетер во дигиталниот свет. Во 2020 година компанијата беше ставена на листата на „Најиновативни компании во светот“. Портфолиото на услуги и продукти на оваа компанија се состои од специјализирани иновативни решенија за врвни стриминг платформи, веб страници и апликации, графички решенија, корисничко искуство и продукт дизајн.
Делтатре стои зад едни од најпознатите глобални федерации, спортски лиги и тимови, како и зад најголемите телеком оператори, платформи за забава и релаксација и други дигитални емитувачи.
Во своето 36 годишно работење, Делтатре прерасна во компанија од глобални размери со канцеларии во 18 градови низ светот, како Лондон, Торино, Сиднеј, Лос Анџелес и над 1000 вработени.
Придружи сe на тимот!
За повеќе информации за отворените работни позиции, ги охрабруваме сите посветени и талентирани професионалци да ја посетат веб страницата на Делтатре.