Се појавија предупредувања дека користењето на популарниот антивирус Kaspersky може да биде потенцијално опасно.
Германската федерална служба за безбедност за информатичка технологија (BSI) предупреди на опасноста од користење на програмата против вируси од рускиот производител Касперски.
BSI им препорача на граѓаните да користат алтернативни програми за заштита од вируси.
Според BSI, кај Kaspersky има значителен ризик од ИТ напади од Русија, а корисниците би можеле да станат жртви на сајбер шпионажа.