Redmi K50 серијата ќе биде лансирана на 17 март (четврток) и ќе вклучува уреди покренувани од премиум чипсетот Dimensity 9000 на MediaTek, како и оние со Dimensity 8100. Овие детали беа откриени како загревање пред големиот настан, а повеќе информации продолжуваат да се појавуваат пред објавата.
На пример, К50 серијата ќе биде првата што ќе понуди Bluetooth 5.3 и LC3 аудио (LC3 е висококвалитетен наследник на аудио кодекот SBC). Телефоните ќе бидат сертифицирани и за звук со висока резолуција (жичен и безжичен) и ќе имаат стерео звучници со Dolby Atmos технологија.
И тоа не е се. Екранот ќе користи OLED панел направен од Samsung со резолуција од 1.440 x 3.200 пиксели (со густина на пиксели од 526 ppi), Dolby Vision, DC затемнување и Gorilla Glass Victus заштита. DisplayMate веќе го тестираше панелот и му даде оцена А+.
Redmi K50 телефоните ќе поддржуваат и Wi-Fi 6 (ax) со пропусен опсег од 160 Hz. Дополнителните функции за поврзување вклучуваат GPS со двојна фреквенција, NFC и IR бластер. Xiaomi не го крие дизајнот, всушност знаеме и една од боите – „Silver Trace“. Пред тоа беше претставена и една потемна боја, а ако подобро ја погледнете сликата подолу, ќе видите тројна камера и ознака 108 MP.
Настанот на 17 март ќе биде фокусиран на К50 серијата, но компанијата ќе претстави и нов Redmi Book Pro (2022) лаптоп и нов рутер.