Францускиот стартап Vitirover разви автоматизирана соларна косилка која може да се користи во лозја и други земјоделски полиња.
Овие косилки може да се користат во групи од 50 единици низ имот од 50 хектари и во радиус од 20 километри. Косилката се напојува со поликристални ќелии, а енергијата се складира во батериите. Системот може да работи со максимален наклон од 15 проценти и да достигне брзина од 300 м/ч.
„Роботите се развиени во нашето седиште во Сен-Емилион. Нивната цена зависи од теренот, состојбата на почвата, бројот на пречки по хектар, висината на соларните панели, начинот на кој се инсталирани моторите кога станува збор за тракери и многу други променливи“, рече директорот и основач на Vitirover, Арно де ла Фушардјер.
Димензиите на роботот се 750 x 390 x 290 мм и тежи 20 кг. Има четири тркала, секое со свој мотор. Производителот тврди дека косилката може да работи во сите услови и да коси трева висока помеѓу 4 и 10 см.
истемот користи софтвер за контрола на движењето што му помага да ги открие пречките и да им се приближи што е можно повеќе, помалку од еден сантиметар, за да ја коси тревата околу нив. Системот за следење AGPS има батерија која трае 15 дена и обезбедува осигурување од кражба.
Можно е да се користат до 50 роботски соларни косилки на површина од 50 хектари и во радиус од 20 километри. Секој робот е поврзан со оператор кој во споменатата компанија го нарекуваат „овчар“, а поврзувањето се врши преку телефонската мрежа. „Овчарот“ може да ја преземе контролата над роботот во секое време и да го изврши потребното одржување или интервенција на лице место.
Извор: Klix.ba