Хакерскиот колектив „Анонимуси“ тврди дека ги хакирал преносите на руски државни телевизии, притоа емитувајќи снимки од руските воени дејствија во Украина и упатувајќи повици до рускиот народ да се спротистави на Владимир Путин.
„Анонимуси“ објавија на Твитер упад во програмите на „Русија 24“, „Канал 1“ и „Москва 24“, како и на стриминг-сервисите „Винк“ и „Иви“.
Во друга објава групата соопшти дека спровела „најголема операција што некогаш е видена“, притоа негодувајќи што одредени влади тоа можат да го квалификуваат како закана и на тој начин активностите да бидат дискредитирани.
The hacking collective #Anonymous hacked into the Russian streaming services Wink and Ivi (like Netflix) and live TV channels Russia 24, Channel One, Moscow 24 to broadcast war footage from Ukraine [today] pic.twitter.com/hzqcXT1xRU
— Anonymous (@YourAnonNews) March 6, 2022
„Сетете се на нас кога ќе го свртиме вниманието на најразлични сили, бидејќи тоа ќе се случи. Ние можеме да го свртиме светот кон подобро. Тоа отсекогаш и била нашата идеја“, објавуваат „Анонимуси“.