Метално срце создадено од американските научници е одобрено од страна на американските медицински власти и сега може да им се вградува на пациентите на кои им е потребна итна операција. Професионалци од Универзитетот во Орегон развиле прилично едноставен уред кој работи со помош на батерија. Вештачкото срце се состои од хидродинамички лежишта и пар клипови, а неговото тело е направено од легура на титаниум.
Пејсмејкерот ќе биде привремено ставен кај пациенти кои чекаат трансплантација на срце од дарител. Во текот на овој период, пациентот мора да носи батерија прикачена на ременот. Гледајќи во иднината, научниците планираат да создадат батерија која ќе се интегрира во телото на пациентот.
Околу 75.000 Американци умираат секоја година од срцева слабост, а создавањето на вештачкото срце ќе помогне да спасат многу човечки животи, сметаат научниците. Уредот веќе ги поминал тестовите кај животни, а сега на ред е примената кај луѓето.
Металното срце ги заменува двете долни срцеви комори и е дизајнирано да ја преместува крвта на таков начин што ќе го намали притисокот врз садовите и веројатноста за мозочен удар и внатрешно крварење.
Поврзани артикли