Шефот на одделението на Samsung за паметни телефони, пред новинарите изјави дека повеќе не треба да се очекуваат телефони од брендот Galaxy Note.
Со лансирањето на “Galaxy S22 Ultra”, било прилично јасно дека “Samsung” завршил со “Note” серијата на уреди. Сепак, компанијата никогаш конкретно не кажала дека брендот е мртов, барем не до сега.
Шефот на одделението на Samsung за паметни телефони, пред новинарите рекол дека повеќе не треба да се очекуваат телефони од брендот Galaxy Note. Наместо тоа, тој вели дека секоја година Galaxy Note ќе се појавува како Ultra модел.
Компанијата го прескокнала лансирањето на Galaxy Note во 2021. година, така што овие вести и не се баш изненадување. Имало показатели дека компанијата се подготвува да го укине брендот “Note”, уште од лансирањето на “Galaxy S21 Ultra” и се поголемото влијание на недостигот на чипови на достапноста на најдобрите “Android” телефони.
Иако можеме да очекуваме дека во иднина брендот Galaxy Note ќе почива на Ultra телефоните, кружат гласини дека Samsung се подготвува да вклучи вградено S Pen пенкало во Galaxy Z Fold 4.
Се очекува флексибилниот уред да биде претставен подоцна оваа година.
Извор: Telegraf.rs