Платформата YouTube вчера им забрани на руските државни медиуми и другите руски канали да добиваат пари од реклами, кои се емитуваат заедно со снимките од истите.
Имено слична одлука донесе претходно и Facebook, по руската воена интервенција во Украина.
Повикувајќи се на „вонредни околности“, YouTube изјави дека привремено ќе ја запре можноста неколку канали да заработуваат на популарната видео платформа.
Ова се однесува и на неколку руски канали кои се поврзани со неодамна објавените санкции, како што се санкциите на Европската унија, пренесува Ројтерс.
Поставувањето реклами на YouTube во голема мера е контролирано од самата платформа.
Социјалната мрежа Twitter, исто така, објави дека е свесна за фактот дека пристапот до Твитер е ограничен на некои луѓе во Русија и соопшти дека работи на тоа да ја направи страницата безбедна и достапна.