Светот денес го изгуби еден од најгенијалните умови, Стивен Хокинг. Почина мирно во својот дом на 76 годишна возраст.
Стивен Вилијам Хокинг (англиски: Stephen William Hawking; 8 јануари 1942[1] – 14 март 2018) — англиски теориски физичар и космолог чии научни книги и јавни појавувања го направија академски позната личност. Бил почесен пријател на кралското друштво на уметности,[2] доживотен член на пaпската академија на науките[3] и во 2009 е награден со претседателски медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД.
Хокинг 30 години бил професор на математичката катедра во Кембричкиот универзитет, превземајќи ја таа функција во 1979 и повлекувајќи се на 1 октомври, 2009.[5][6] Во поново време директорувал со истражувачкиот центар за теориска космологија во одделот за применета математика и теориска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекс на црните дупки. Исто така, тој се здобил со успеси за неговата работа во полето на популарната наука во која тој генерално дискутира за неговите теории и космологијата.
Во клучните научни трудови на Хокинг се вклучени обезбедувањето, со Роџер Пенрос, теореми во врска со гравитациските сингуларности во рамките на општата релативност и теориското предвидување дека црните дупки емитуваат радијација, што денес е познато како Хокингова радијација.
Хокинг има лателарна амиотропкса склероза што е поврзано со амиотрофична латерална склероза, состојба која се развила со текот на годините и го направила скоро целосно парализиран.