Од 433.810 произведени возила, 257.876 се продадени надвор од САД
Во 2021 година, BMW произвел вкупно 433.810 возила во својата фабрика во Спартанбург, Јужна Каролина. Од нив, 257.876 се продадени надвор од Америка, што го прави BMW најголемиот извозник на автомобили во Америка веќе осма година по ред.
Перформансите во 2021 година значат дека фабриката на BMW во САД извезла речиси 60 отсто од произведените возила. Според производителот на автомобили, тоа изнесува повеќе од 10,1 милијарди долари (66,8 милијарди).
„Првото место за американски извоз на автомобили по вредност ја комплетира многу успешната година за нашата BMW фабрика во Спартанбург. Неверојатно сум горд на нашите соработници и на отпорноста која ја покажаа минатата година“, вели др. Роберт Енгелхорн, претседател и извршен директор на BMW Manufacturing. „Ова достигнување го покажува сигурното партнерство на BMW со оваа земја и нашата постојана посветеност кон Соединетите држави“, додава тој.
Фабриката во Спартанбург ги произведува BMW X3, X3 M, X4, X4 M, X5, X5 M, X6, X6 M и X7. Овие возила патуваат во 120 различни земји, главно преку пристаништето Чарлстон во Јужна Каролина, иако некои патуваат до Канада со железница.
Првите пет увозници на возилата од Спартанбург во 2021 година биле Кина (24,1% од извозот), Германија (12,3%), Јужна Кореја (9,4%), Канада (5,6%) и Обединетото Кралство (5,4%). Фабриката е важна и за американскиот пазар. 179.840 возила кои се произведени за домашниот пазар сочинуваат повеќе од 53 проценти од продажбата на брендот BMW во САД. Најпродаваните два модела се X3 и X5.
„Фабриката во Спартанбург многу придонесува за успехот на BMW Group. Таму имаме луѓе од светска класа кои градат производи од светска класа. Им честитам на нашите 11.000 соработници за ова достигнување и им благодарам на нашите партнери низ Јужна Каролина за нивната извонредна поддршка“, вели Милан Недељковиќ, шеф на производство во BMW.
Фабриката во Спартанбург е отворена во 1992 година. Во моментов фабриката вработува повеќе од 11.000 луѓе, а максималниот капацитет е 450.000 возила годишно.
Извор: Додај Гас