NASA забележа купчиња камења на Марс што потсетуваат на структури најдени во Велика Британија и на други места низ Европа уште од праисториски времиња.
Во близина на Северниот пол на Црвената планета научниците идентификувале купчиња камења распоредени во складен ред во вид на линии. NASA настојува дека не се работи за структури на вонземјани.
„Што би можело да ги организира камењата во ваква складна структура? На Арктикот на Земјата карапите се организирани по еден посебен процес. Повеќекратното замрзнување и одмрзнување на тлото може да ги избие карпите на површина и да ги организира во пруги, па дури и во кругови. На Земјата еден од овие температурни циклуси трае една година, но на Марс може да трае многу повеќе“, велат од NASA.
Во почетокот на неделата Американската вселенска агенција беше обвинета дека прикрива докази за вонземски живот на Марс.
Бари ди Грегорио, истражувач од Универзитетот во Бакингем, открил дека роверот на NASA нашол траги од живот на Марс, но Агенцијата намерно ги крие од страв дека нема да има буџет за наредни мисии.