Има нешто навистина посебно во тоа да дозволите разговорот да претстави нечија личност без предрасудите што вообичаено ги создава фотографијата, изјави Кајл Милер, потпретседател за иновации во Tinder.
Се чини дека оваа платформа запознавањето на слепо го однесе во нова димензија со иновација во понудата што ја нарекоа „Брз разговор: состанок на слепо“.
Станува збор за спарување потенцијални партнери врз основа на заеднички интереси користејќи ја апликацијата, но ниту една страна не знае како изгледа личноста што ќе ја запознаат.
Потоа следува темпиран разговор, односно одговарање на неколку прашања и дури кога ќе истече времето определено за разговор, нивните лица се откриваат. На овој начин луѓето што бараат сродна душа имаат можност да создадат одреден впечаток за личноста врз основа на разговор, а не на фотографија.