Добро познат факт е дека пушењето цигари е штетно и може да предизвика болести поврзани со пушењето. Но, не секој знае зошто е тоа така.
Основниот ритуал на пушење е едноставен
Пушачот пали цигара, започнувајќи реакција на висока температура позната како горење или согорување. Консументот вовлекува воздух низ запалената цигара во текот на одреден број вдишувања, додека листовите на тутунот и хартијата целосно не изгорат, оставајќи ја само пепелта.Со согорувањето на тутунот се добива сложена смеса што ја нарекуваме чад.
Што има во чадот од цигарите?
Чадот од цигарите содржи арома од мешавината на тутун, како и никотин кој природно постои во листовите тутун. Токму во овие елементи во чадот уживаат консументите додека пушат.
Меѓутоа, истиот процес на согорување што ги ослободува аромите на тутунот и никотинот, исто така, произведува над 6.000 хемикалии, од кои околу 100 се идентификувани како причинители или потенцијални причинители на болестите поврзани со пушењето, како што се рак на белите дробови, кардиоваскуларни болести и емфизем.
Откриени други начини за уживање во тутунот – без согорување
Бидејќи согорувањето на тутунот создава толку многу штетни хемикалии, научниците и инженеритепронајдоа и други задоволувачки начини за испорака на вкусот и никотинот за сегашните пушачи.
Низ години на истражување и развој, развиена е нова класа револуционерни производи кои не се засновани на принципот на согорење – и за кои се верува дека се многу подобар избор од пушењето.
Бидејќи ниту еден од овие производи не го согорува тутунот, тие не достигнуваат високи температури потребни за согорување на материјалот и создавање на чад. Наместо тоа, откриени сенеколку начини за производство на ароматичен аеросол што содржи никотин кој потрошувачот може да го вдише, но кој има значително пониски нивоа на штетни хемикалии од цигарите.
Загреани тутунски производи
Овие производи се потпираат на два иновативни начини за загревање на тутунот доволно за ослободување на никотин и арома, во форма на пареа, без всушност да се согорува тутунот.
Производот заснован на овој принцип на загревање, а не на согорување, кој произведува топлина користејќи електричен извор на топлината што ја одржува температурата на загреаната единица за тутун строго контролирана. Околу 14,9 милиони пушачи веќе преминаа на овој производ и целосно престанаа да пушат.
Производи без тутун
Пронајдени се уште два други начина за испорака на вкус и никотин без употреба на тутун. Користејќи го никотинот извлечен од листовите на тутунот, тие произведуваат ароматични аеросоли што содржат никотин на целосно различни начини.
- Течниот никотин се загрева со електричен извор на топлина, за да се ослободи пареа, како кај елекетронската цигара, но со значителни подобрувања. Моментно се тестира нов пристап за генерирање на е-пареа.
- Со вториот начин се произведува аеросол од никотински прав без електроника.
Иако не се без ризик, сите овие револуционерни производи се подобра алтернатива на пушењето – но најдобриот избор е да се откажете или да не започнете да пушите.