Иако омикрон-варијантата на коронавирусот дава многу симптоми слични на обичната настинка, можно е да се направи разлика и соодветно да се постапи.
Покрај она што е утврдено дека повеќето од пациентите што се ковид-позитивни се соочуваат со гребење во грлото, експертите во пракса утврдиле и три симптоми карактеристични за омикрон-сјот, а кои не се појавуваат при настинка.
„Уникатната карактеристика на короната е губењето на чувството за мирис и вкус, што нема да го најдете кај настинката“, рече д-р Хаи Шао, лекар за заразни болести во медицинскиот центар ‘Шарп Чула Виста’ во Сан Диего, додавајќи дека дополнително кај обичната настинка не се среќава силна треска и силна главоболка, кои се доминантни симптоми на омикрон.
„Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста дека сте заразени од коронавирус отколку дека станува збор за настинка“, рече Шао.
Слични симптоми за омикрон-сојот и за настинката се треската и болките во грлото, а ако болеста напредува – кашлањето и отежнатото дишење.