Вирусот Ковид-19 секој поединец го напаѓа на различен начин, а во тоа се убедивме од низа различни примери.
Истото важи и за последиците кои овој вирус ги остава зад себе. Научниците се согласни околу тоа дека коронавирусот влијае на белите дробови, но неодамна откриле дека последиците можат да бидат кобни и за бубрезите.
Научниците од една американска клиника и холандски експерти од Универзитетскиот медицински центар „Радбоунд“, откриле дека Ковид-19 ги инфицира бубрезите, што доведува до трајни оштетувања на ткивото, пишува во истражувањето објавено во магазинот „Cell Stem Cell“, пренесува „Science Direct“.
Ова истражување покажало дека таквите последици сериозно можат да го комплицираат човековото здравје, а може да предизвикаат и трајно оштетување на бубрезите.
Во студијата учествувале 62 лица чии бубрежни ткива биле подлегнати на биопсија. Потоа било утврдено дека бубрежното ткиво од пациентите заболени од коронавирусот имало неколку лузни, што научниците ги навело до заклучок дека вирусот некако успева да стигне и до бубрезите поради што направиле уште едно дополнително истражување.
Научниците во лабораторија одгледале мини-бубрези (ги нарекле органоиди) и ги заразиле со коронавирусот, за да видат што се случува во клетките во вештачки оформените бубрези.
Тие откриле дека причината за лузните кои ги воочиле кај пациентите заразени со коронавирусот била токму вирусот, а не други фактори.
Ова истражување е голем чекор напред во научните кругови кои работат на тоа што подобро да се „запознае“ овој опасен вирус.
Поврзани артикли