По четири години изградба, Кина го отвори својот досега најдолг подводен тунел, кој е дел од нов автопат.
Тунелот е долг 10,79 километри и поминува под изерото Таиху, во источната кинеска провинција Џијангсу. Изградбата чинела 1,56 милијарди долари, а тунелот пона да се гради во 2018 година.
Во неговата изградба искористени се 2 милиони кубни метри бетон, а ширината на ленитите е 17,45 метри. На таванот се поставени ЛЕД светилки кои не ги заморуваат очеите на возачите.
Тунелот е дел од автопатот Чијангжу – Вухи, долг 43,9 километри, отворен на 30 декември 2021 година. Овај пат е алтернатива за патниците меѓу Шангај и Нанџинг.
Сепак, најдолгиот подводен тунел не е во Кина, туку во Норвешка, долг е 14,2 километри и ги поврзува Сравангер и Странд.
Извор: Klix.ba