Научниците открија џиновска планета која кружи околу голема двојка екстремно врели ѕвезди, односно опкружување кое се сметаше за премногу негостољубиво за формирање планети.

„Досега не сме воочиле планета која орбитира околу ѕвезда која е повеќе од три пати помасовна од Сонцето“, наведува ЕСО.

Астрономите ја снимиле планетата која се нарекува Бе Кентаури (АБе) Бе , користејќи го многу големиот телескоп кој се наоѓа во чилеанската пустина. Планетата која кружи околу двоен ѕвезден систем сместен во созвездието Кентаур.

Деструктивни ѕвезди

Оваа двојка ѕвезди имаат исклучително голема маса и се многу врели. Емитира големи количини високоенергетски ултравиолетови и рендгенски згачења кои имаат силно влијание на околниот гас, што никако не е поволна ситуација за настанок на планета.

Астрономот Маркус Јансон од Универзитетот Стокхолм вели дека ова откритие „во потполност ја менува сликата за можноста за формирање планета околу масивни ѕвезди“.

„Ѕвездите од типот Бе обично се сметаат прилично деструктивни и опасни за опкружувањето, па досега сметавме дека околу нив тешко може да се формира планета“, вели Јансон.

Новооткриената планета Бе Кентаури (АБе) Б е егзопланета, планета надвор од нашиот Сончев систем, која е 10 пати помасивна од Јупитер, пишува Ен-би-си њус.

Тоа е сурово опкружување

Астрономот Гајатри Висана од истиот универзитет вели дека се работи  за „вонземски свет кој настанал во опкружување потполно поинакво од ова на Земјата и во нашиот Сончев систем“.

„Тоа е сурово опкружување, во кое доминира екстремна радијација и каде сѐ постои во гигантски размери: ѕвездите се поголеми, планетите се поголеми, оддалеченоста е поголема“, вели Висана.

Бе Кентаури (АБе) Б орбитира на многу голема оддалеченост од своите матични ѕвезди, 100 пати поголема од оддалеченоста меѓу Јупитер и Сонецето, што би можело да биде клучен фактор за неговиот опстанок.

Истражувањето наречено „Giant planet imaged orbiting two massive stars“ објавено е во научниот магазин Nature.

Извор: Index.hr