За било каков облик на долготраен престој на Марс, без разлика дали се работи за колонизација, посети или патувања, ќе ни биде потребна стабилна атмосфера кој не губи премногу честички и низ која не се пробиваат опасни зрачења.
Научници од различни универзитети и организации, вклучително и НАСА, предложија создавање на магнетно поле со цел да се заштитиме од смртоносните атмосферски услови, пренесе Futurism.
„За да би можеле луѓето долготрајно да престојуваат на Марс, треба сериозно да размислиме за тераформација на планетата“, стои во новото истражување.
Еден од главните предуслови за тераформација е заштитата што ја дава магнетното поле, нешто што Марс го нема. Земјата има силно магнетно поле, додека она на Марс е исклучително слабо и фрагментирано.
Како би се создало магнетно поле на Марс?
Една од првите цели би требало да биде зголемување на атмосферскиот притисок. Научниците предложија неколку начини, како повторно активирање на железното јадро на Марс или користење низа споени извори со контролиран сноп на набиени честички, во облик на голем прстен.
Создавањето на магнетно поле бара огромни ресурси, за тоа веројатно треба да користиме нуклеарни реактори. Иако авторите на студијата наведуваат дека не тврдат дека магнетното поле е неопходно за живот на Марс, тешко е да се замисли одржлива присутност на таа планета без тој фактор.
Проблематично е само како тоа би се извело.
Извор: B92.net