Данската армија ги тестираше своите сосема нови електрични авиони.
Данците тврдат дека електричните авиони се поевтини за користење и дека нивната еколошки прифатлива технологија има потенцијал.
Двата авиона Velis Electro се набавени од словенечкиот производител Pipistrel и станаа првите воени авион во светот кои ја користат оваа технологија.
„Авионите не создаваат емисиј, многу се тивки и евтини за употреба. Оваа технологија има перспектива кога технологијата ќе биде уште поразвиена“, рече поручникот Каспер Борге Нилсен од Министерството за одбрана.
Данска ги зеде авионите на двегодишен закуп наместо да ги купува, за да го избегне ризикот да поседува опрема што не може да ја користи. Во период од две години, војската ќе се обиде да ги пронајде сите добрите и лошите страни на технологијата за електрични авиони и да одлучи како би можела да ја користи во иднина.
Пилотите по летовите во лесните електрични авиони напојувани од литиум-јонски батерии, рекоа дека се возбудливи, како и дека се добро направени и дека добро летаат.
Развојот на електрични авиони го следи и Америка, но капацитетот на батериите моментално не е доволен за потребите на американското воено воздухопловство.