Откако се појавија првите рендери на OnePlus 10 Pro смартфонот, сега се откриени некои од неговите спецификации.
OnePlus 10 Pro ќе има 6,7-инчен QHD+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz, процесор Snapdragon 8 Gen1 на Qualcomm, 8 или 12GB RAM и 128 или 256GB простор за складирање.
Што се однесува до камерите, одзади е главната од 48MP, ултрашироката од 50MP и сензорот од 8MP со зум од 3,3x. Тоа е исто како и во случајот со OnePlus 9 Pro, но кај „десетката“ се очекуваат подобрувања во сензорите и оптиката. Однапред има селфи камера од 32MP.
Уредот се напојува од батерија од 5.000 mAh, а се уште нема информации за брзината на полнење. Сепак, познато е дека уредот е отпорен на вода и прашина според IP68 стандардот.
Серијата OnePlus 10 се очекува да дебитира во Кина кон крајот на јануари или почетокот на февруари, а најверојатно ќе се појави на глобалниот пазар во април.