Xiaomi минатиот месец ја објави Redmi Note 11 серијата токму на време за 11.11. – еден од најголемите шопинг празници во Кина. Серијата допрва треба да се појави на светските пазари, а според последните гласини, тоа ќе се случи во првиот квартал на 2022 година.
Сепак, телефоните ќе претрпат промена на чипсетот, бидејќи во извештајот се вели дека Xiaomi ќе оди на Snapdragon платформата и веројатно ќе има поразличен дизајн на камерите на задниот панел.
Претходните гласини сугерираа и нови имиња за Pro телефоните – Redmi Note 11 Pro ќе се продава како Xiaomi 11i, додека Pro + ќе го носи името Xiaomi 11i HyperCharge.