Руската луксузна компанија Caviar претстави нов производ наменет за оние кои се подготвени да одвојат значителна сума пари за ексклузивен iPhone.

Најновиот производ на Caviar се вика iPhone 13 Tyrannophone, а дел од него е фрагмент од заб од тираносаурус стар 80 милиони години.

Уредот е дел од новата серија Tera која вклучува Monsterphone со засилен титаниумски панел, како и опција Teradiamond со 1.024 дијаманти на задната плоча. Бројката одговара на меморијата што ја имаат новите модели на iPhone.

Тиранофонот има лесна композитна основа со гравирање на задната страна и украсна легура позлатена со 24-каратно злато. Окото на диносаурусот е направено од килибар, додека волуметриската скулптура на главата е изработена од титаниум. Исклучок е малиот дел кој всушност е гореспоменатиот заб тираносаурус.

Моделот е ограничен бидејќи Caviar има намера да произведе само 7 единици, од кои секоја ќе чини 8.610 долари.

Monsterphone ќе се произведува во 99 примероци, а нивната цена ќе биде 7.760 долари.

Teradiamond ќе се продава за 49.500 долари и ќе достигне 18 примероци.

Извор: Klix.ba