Apple го изгради новото фантастично седиште вредно речиси половина милијарда долари кое наликува на вселенски брод. Но, без оглед на импресивната архитектура и дизајн на компактна зграда со самата природа и поврзаност на сите нивоа. вработените на Apple имаат еден голем проблем, а тоа се стаклените прегради и ѕидови.
Според повеќе извештаи вработените на Apple кои се уште ги учат просториите во новото седиште на компанијата често се случува да се удрат во некој стаклен ѕид или преграда што е многу непријатно искуство.
„Како птици што се зашеметени со своите ајфони, ајпади и часовниците од ’Епл‘, вработените се залетуваат и се потчукнуваат во стаклените ѕидови од работните простории“, пишува Bloomberg. И што е пострашно, се чини дека компанијата воопшто нема намера да го реши овој проблем. Некои вработени почнале да лепат стикери на стаклените врати за да ги обележат. Но тие веднаш биле отстранети од компанијата затоа што го нарушувале дизајнот на зградата, велат инсајдерите.
Исто така постои опасност некој од вработените да покрене тужба против Apple затоа што многу стаклени врати и ѕидови воопшто не се обележани на соодветен начин, немаат кваки или други елементи кои би укажале на нивната примена. Така, поради невнимателност на Apple некој може да искористи голема материјална оштета во судска постапка.