Велика Британија го одобри лекот „молнупиравир“ за лекување на коронавирусот, со што стана прва земја што даде зелено светло за домашна употреба на лекот.
Пилулата е лиценцирана за возрасни над 18 години и треба да се зема два пати на ден во период од пет дена од страна на лица со благи до умерени симптоми на Ковид-19.
Антивирусната пилула, која ги намалува симптомите и го забрзува закрепнувањето, може да се покаже револуционерна затоа што може да го намали бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19.
Американската управа за храна и лекови минатиот месец објави дека ќе свика панел од независни експерти за да ги испита безбедноста и ефикасноста на лекот кон крајот на ноември.