Redmi Note 11 серијата ги наследува Note 10 моделите и се состои од Redmi Note 11, Note 11 Pro и Note 11 Pro+.
Xiaomi ја претстави серијата Redmi Note 11 пред домашниот пазар во Кина, која се состои од три нови уреди.
Redmi Note 11 располага со 6,6-инчен FHD + LCD екран со стапка на освежување од 90 Hz, кој има перфориран исечок за предната камера. Назад се наоѓаат две камери: главна од 50 и секундарна претставена со сензор за длабочина од 8 MP за портрети. Напред се наоѓа камера од 16 MP дизајнирана да прави селфи фотографии и да остварува видео повици. Уредот користи оперативен систем Android 11 со MIUI 12.5 skin, поддржува 5G мрежа, Bluetooth 5.0, а има и USB порта Тип-C. Сензорот за отпечатоци е поставен на страна.
Уредот се напојува со процесор MediaTek Dimensity 810 со графички процесор Mali-G67 за игри, а неговите димензии се 163,56 x 75,78 x 8,75 mm. Тежи 195 грама и се напојува преку батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 33 W. Достапен е во четири верзии кога се во прашање спецификациите: 4 GB RAM / 64 GB внатрешна меморија, 6 GB RAM / 128 GB внатрешна меморија, 8 GB RAM / 128 GB внатрешна меморија и 8 GB RAM / 256 GB внатрешна меморија.
Redmi Note 11 Pro доби 6,67-инчен FHD + AMOLED екран во формат 20:9, стапка на освежување од 120 Hz со технологија HDR10 + и централно поставен перфориран исечок за селфи камера од 13 MP. Во срцето на уредот е процесорот MediaTek Dimensity 920 поврзан со графичкиот процесор Mali-G68 MC4 и до 8 GB LPDDR4x RAM и 128 GB внатрешна меморија UFS 3.1. Користи оперативен систем Android 11 со интерфејс MIUI 12.5.
Одзади има три камери, главната од 108 MP (сензор HM2 на Samsung), ултра широката од 8 MP и сензорот за длабочина од 2 MP. Одличен звук обезбедуваат JBL звучниците со поддршка за Dolby Atmos, а во екранот е интегриран и сензор за отпечатоци. Смартфонот доби метална рамка, како и батерија од 5.160 mAh со поддршка за брзо полнење од 67 W. Поддржува Wi-Fi 6, Bluetooth 5.2, 5G мрежа и има 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.
Redmi Note 11 Pro+ е најдобриот модел, го има споменатиот AMOLED екран од 6,67 инчи со стапка на освежување од 120 Hz, заштитен е со стакло Corning Gorilla Glass Victus, а екранот има перфориран исечок за селфи камера од 16 MP. Назад има три камери: главна од 108, ултра широка од 8 и сензор за длабочина од 2 MP. Напојувањето го обезбедува батерија од 4.500 mAh која поддржува полнење од 120 W и може да се наполни од 0 до 100% за помалку од 15 минути. Поддржува 5G, 4G LTE, двобенд Wi-Fi, Bluetooth 5.1, GPS, NFC и има приклучок за USB Тип-C. Се напојува со процесор MediaTek Dimensity 1200 AI и има до 8 GB LPDDR4x RAM и 256 GB внатрешна меморија UFS 3.1 што може да се прошири со помош на microSD картичка. Сензорот за отпечатоци е интегриран во екранот, а тука се и JBL звучниците со поддршка за Dolby Atmos и многу повеќе.