Ви нудиме неколку совети со кои ќе можете со сигурност да препознаете кога некаков вирус го нападнал вашиот систем
Не е секогаш едноставно да се утврди дали вашиот компјутер е нападнат од вирус или не. Некогаш проблемите со кои се соочувате се безначајни или пак не забележувате промени во работата на системот, а сепак некој однадвор успева да ги извлече вашите податоци и да ги користи за сопствени потреби. Малициозните софтвери кои можат да го нападнат вашиот компјутер се толку софистицирани, што дури и антивирусните програми не можат да ги препознаат.
Сепак, постојат начини кои можат да ви помогнат да го препознаете и решите пројавениот проблем. Ова се неколку совети со кои ќе можете со сигурност да препознаете кога некаков вирус го нападнал вашиот систем:
1. Ненадејна забавеност во работењето
Доколку забележите дека вашиот компјутер ненадејно работи многу побавно од вообичаеното, тоа е еден од сигурните знаци дека нешто не е во ред. Најпрво тоа ќе го забележите при пребарувањата на интернет (иако во тие случаи проблем може да биде и слабата интернет-конекција), при префрлувањето на фајлови од диск или преносен уред на вашиот компјутер или при вклучувањето.
Ако на вашиот систем му треба повеќе време за да се подигне, можеби би било добро темелно да ги претресете вашите документи, историјата на пребарувањата, и сè друго што сте презеле од интернет, со цел да го лоцирате проблемот.
2. Син смртоносен екран
Синдромот BSOD (Blue Screen Of Death), приказ на син екран што означува смрт на компјутерот, секако дека е една од најнепосакуваните работи што можат да ви се случат. Меѓутоа, секој од нас некогаш се соочил со појавата на син екран на компјутерот што одбројува некакви проценти. Јасно е дека се работи за проблем кој може сериозно да му наштети на компјутерот и затоа, ако ова ви се случи повеќе од двапати по ред, морате што порано да востановите за каков проблем станува збор за да можете да ги заштитите програмите на кои работите.
3. Прозорци што се појавуваат ненадејно
Веројатно знаете на што се однесува оваа забелешка: се наоѓате на интернет, и наеднаш пред вас се појавува прозорец со некаква реклама. Доколку ова ви се случува често, голема е веројатноста дека некој од многубројните малициозни вируси го нападнал вашиот компјутер. Истиот му дозволува на различни промотивни содржини да се провлечат и да ги инфицираат документите на кои сте работеле.
Обидете се да се сетите дали сте инсталирале нешто со сомнително потекло, и потоа веднаш избришете го. Во случај нападите да станат сè поинтензивни, едноставно смирено исклучувајте прозорец по прозорец, водејќи сметка да не кликнете некаде во нивните рамки, и на тој начин инсталирајќи нешто уште посомнително.
4. Наидувате на кратенки кои не сте ги поставиле
Постои вирус кој е познат како „вирус на кратенки“. Тој најчесто се манифестира на начин што ви се појавуваат сомнителни кратенки во системот. Истиот може сериозно да го оштети вашиот компјутер, па затоа добро испитајте за што се работи и дали вие самите или некој кој го користел вашиот уред, сте поставиле иконче кое вам ви изгледа како вишок.
Ако сепак сте сигурни дека не сте го направиле тоа, тогаш искористете ја антивирусната програма или антималверот, кој може да го препознае ваквиот тип вируси, и без трајни последици да ги елиминира од вашиот компјутер. Важно е само на време да реагирате и да ја избегнете секоја можност да кликнете на таа кратенка и да ја отворите.
Морате постојано да ја следите работата на вашиот компјутер, за да можете навремено да забележите каква било невообичаеност во работењето. Ако секојдневно го користите вашиот уред, нема да ви биде тешко да препознаете дека се случува нешто во системот.
За почеток, доколку се плашите од непредвидени проблеми, инсталирајте добар систем за заштита, што наместо вас ќе се грижи за безбедноста на вашиот систем. Од друга страна, ако немате доверба во антивирусните програми, како и многумина, тогаш запишете се на програмирање и научете како функционираат вирусите и како најдобро ќе се заштитите од нив. Или пак, обидете се самите да креирате платформа што ќе му овозможи сигурна и безбедна работа на вашиот компјутер.
Поврзани артикли