Сите знаци покажуваат дека следната година ќе го видиме подостапниот смартфон на Apple наречен iPhone SE 3, а сега е познато на кој модел ќе биде заснован неговиот дизајн.
Кинеските медиуми пренесуваат дека следниот „евтин“ iPhone ќе се појави на пазарот на почетокот на 2022 година, ќе има LCD екран и ќе биде базира на iPhone XR. Уредот ќе има странично поставен сензор за отпечатоци, ќе користи Bionic A15 процесор и ќе поддржува 5G мрежа.
Моделот iPhone XR се појави во 2018 година заедно со iPhone XS и iPhone XS Max како подостапна верзија на овие уреди, а Apple продолжи да го прави тоа и во следните години поради популарноста на таквите модели.
Претходните SE модели беа базирани на постари iPhone уреди, а пример е iPhone SE (2020) кој всушност беше iPhone 8, но со подобрен хардвер. Фактот дека iPhone SE 3 ќе се базира на постар уред воопшто не е изненадување, но со оглед на претходните гласини кои го поврзуваа со iPhone 8, позитивно е што нема да биде така, туку всушност се работи за помодерниот XR модел.
Доколку iPhone SE 3 има сензор за отпечатоци сместен бочно, тоа би била значајна разлика во споредба со дизајнот на iPhone XR. Ова е значајно бидејќи iPhone SE (2020) беше речиси идентичен со iPhone 8, така што Apple можеше покреативно да работи на дизајнот на претстојниот телефон.
Споменатиот iPhone XR изгледаше прилично добро, па ќе биде интересно да се види што ќе направи Apple. Би можело да дојде до промена на засекот на екранот, подобрување на квалитетот на екранот и слично.