Honor на 26. октомври ќе одржи презентација во Европа, во текот на која компанијата ќе ги објави новите Honor 50 и Honor 50 Lite телефони. Меѓутоа, извештаите споменуваат дека компанијата, покрај ова, работи и на уште некои нови уреди.
Овие телефони ги вклучуваат моделите како што се Honor Play5 Lite (Vitality Edition), Honor X30i и Honor X30 Max. Овие уреди прво ќе дебитираат на кинескиот пазар.
Нема премногу детали за Honor Play5 Lite и X30i моделите, но има некои информации за Honor X30 Max. Според дојавувачите од Кина, Honor X30 Max ќе има MediaTek Dimensity 900 чипсет.
Смартфонот се очекува со 7.09 инчен LCD екран, а на задната страна би требало да има главна камера од 64MP, заедно со уште два сензора. Уредот ќе го напојува голема 6000mAh батерија, со поддршка за 22.5W полнење.
Доколку се оди според планот, споменатите телефони на Honor би можеле да бидат претставени во текот на следниот месец.