Тим германски научници успеаја да ја измерат најниската температура досега измерена во лабораторија.
Научниците штотуку го соборија рекордот и ја измерија најниската температура досега измерена во лабораторија: достигнаа температура од 38 трилионити делови од степенот над -273,15 степени Целзиусови.
Тим германски истражувачи ги истражуваа квантните својства на таканаречената петта состојба на материјата: Бозен-Ајнштајнов кондензат (BEC), гасен дериват што постои само во ултра-ладни услови. Додека е во BEC фаза, самата материја почнува да се однесува како еден голем атом, што ја прави особено привлечна тема за квантните физичари заинтересирани за механиката на субатомските честички, пренесува Live Science.
Температурата е мерка за молекуларни вибрации – колку повеќе се движи збирката молекули, толку е повисока колективната температура. Затоа, апсолутната нула е точката во која сите молекуларни движења запираат – минус 459,67 Фаренхајтови степени, или минус 273,15 спорез Целзиус. Научниците дури развиле специјална скала за екстремно ниски температури, наречена Келвинова скала, каде нула Келвини одговара на апсолутната нула.
Во близина на апсолутна нула, почнуваат да се случуваат некои чудни работи. На пример, светлината станува течност што буквално може да се истури во контејнер, според истражувањето објавено во 2017 година во списанието Nature Physics. Според списанието Nature Communications, супер ледениот хелиум престанува да доживува триење при многу ниски температури.
Извор: Aloonline.ba